Нови мерки, нови даноци, нови казни. Ова се новитетите со кои нашите компании се занимаваат секојдневно, додека ние го подготвуваме 9 FMCG Summit и се обидуваме да ги исконтактираме за нешто убаво.
Имавме пандемија, па војна во близина, која ги измести сите економски текови, имаме недостиг на работна сила, светска економска криза и локална, уште поголема. Звучи страшно и е страшно, особено кога компаниите реално треба да се справат со овие предизвици, како што денес се нарекува она што порано се нарекуваше проблеми. И ние, како редакција, се наоѓаме затечени, како заложници на сите овие премрежја, на кои речиси никако не можеме да влијаеме, а тие, пак, премногу влијаат врз нас.
Ве поканувам да дојдете на 9 FMCG Summit, бидејќи и овој самит носи убави новитети, со кои се оди напред, кои инспирираат и мотивираат за повеќе и за подобро.
Понекогаш добиваме коментари дека се однесуваме како да живееме во друг свет, како да не сме свесни што сè се случува, но не е така. Многу сме свесни за сè, но немаме избор. Ни ние ни вие. Освен да гледаме напред, да мислиме на позитивни работи, да наоѓаме начини како да се надминат сите овие предизвици, да се исчеличиме по пат и да излеземе посилни од сите кризи.
Така ќе биде и овој пат. Не е ни првпат, за жал, нема да биде ни последен. Но, можеби тоа е и дел од водењето бизнис. Да беше лесно, сите ќе можеа, но не водат бизнис сите. Сепак, тоа е за најхрабрите и за најупорните.
Со оваа мисла, ве поканувам да дојдете на 9 FMCG Summit и за инает на сите скептици да се собереме и да разговараме и за предизвиците, и за решенијата, и за перспективите. И овој самит носи убави новитети, со кои се оди напред, кои инспирираат и мотивираат за повеќе и за подобро.
Се гледаме на старото место, на 26 октомври!
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.