Актуелно

(ГАЛЕРИЈА) Сите награди за Најдобри работодавачи

03 мај 2023

Компании од различни сектори се закитија со наградата „Работодавач на годината“, на манифестацијата што за прв пат се одржа во овој повод, во организација на првиот сајт за пребарување на работни места Vrabotuvanje.com. 

На манифестацијата замислена како Оскари за работодавачите, во свечена атмосфера, беа врачени статуетки на најпосакуваните компании за вработување во земјава. Беа доделени награди во 7 категории, а една компанија ја доби наградата како апсолутен победник, односно се закити со титулата Најпоскаувана македонска компанија за вработување. Вечерва нема да има губитници, имаме наградени и мотивирани. Ќе имаме предизвикани и предизвикувачи. Вечерва сите овде присутни сме победници, затоа што заеднички испишуваме нова историја. Историја на трајни вредности, сплотеност за да бидеме подобри, поуспешни, поголеми и поквалитетни секоја следна година, кажа во поздравниот говор генералниот менаџер и сопственик на Vrabotuvanje.com, Дарко Велков. 

Апсолутен победник и најпосакувана македонска компанија за вработување убедливо е „Алкалоид“. 

Од ФМЦГ - секторот, награди добија: 

1.KAM маркет - најпосакуван синџир за вработување 

2.„Витаминка“ најпосакувана компанија за производство на храна

3.„Нелт СТ“ компанијата со најдобра емплоер брендинг кампања

Други наградени компании се:

1. „Аџибадем Систина“најпосакувана болница за вработување, во категоријата приватни здравствени установи 

2. „Џонсон Мети“ - најпосакувана странска производствена компанија за вработување 

3. „Макпетрол“ - најпосакуван работодавач во категорија нафтена индустрија 

5. „Зара“ - најпосакуван бренд продавница за облека      

Признанија им беа врачени и на „Жито маркети“, „ГрабИТ“, „Еко логистик“ и „Карго партнер логистикс“ како компании кои одлучија да го проверат задоволството на своите вработени користејќи ја алатката Пулсер.мк. 

Наградите најпосакуван  работодавач се доделуваат врз база на три критериуми: број на посети на огласите и објавите на сајтот Vrabotuvanje.com, покажаниот интерес од страна на апликантите и јавно анкетно истражување спроведено на сајтот Vrabotuvanje.com. Настанот се случи во присуство на македонската бизнис заедница, сопственици на најголемите македонски компании, директори на странски претставништва, раководители на секторите за човечки ресурси, гости од регионот и лица од јавниот живот.

Gallery: Најдобри работодавачи



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...