Актуелно

Постигнат договор за зголемување на откупната цена за грозјето

23 Aug 2022

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со претставниците на здруженијата на лозари и винариите одржа состанок на кој се разговараше за овогодинешната откупна цена на грозјето.

Од Министерството информираат дека по вчерашните долги и исцрпни консулатиции, потигнато е до сега историско најголемо зголемување од 30 отсто на откупната цена. Овогодишеншата откупна цена на смедеревката ќе биде 13 денари, а за вранецот 15 денари, односно 3 денари повеќе споредбено со ланските цени за откуп на грозјето.

Светската криза предизвикана од војната во Украина предизвика сериозно зголемување на трошоците и на лозарите, но и на винариите и токму затоа како министерство преку подсекторската група за грозје и вино сме во постојана комуникација со лозарите и винариите и заеднички ги креираме мерките за поддршка на овој сектор. За нас како министерство, но и за државата од стратешка важност е винскиот сектор чиј извоз позитивно влијае и во јакнење на домашната економија, соопштија од Министерството.

Финасиската поддршка за лозарството која МЗШВ ја обезбедува преку мерката за одржување на постоечки површини со лозови насади изнесува 40.000 денари по хектар, односно 48.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 ха до максимум 10 ха.

Лозарите добиваат поддршка и во субвенционирање за зелена нафта која достигна и до 100%, а во услови на криза поддршка е обезбедена и преку интерветните мерки.

Не ги оставивме сами лозарите и во услови на Ковид кризата, кога за 2020 и 2021 година преку повеќе мерки во изност од 649 милиони денари ги помогнавме лозарите. Поддршка обезбедивме и за винариите во вредност од 67,6 милиони денари преку мерки со кои го помогнавме транспортот при извозот на вино. Успеавме последниве 10 години да го стабилизираме домашното производство на грозје со просечно производство од околу 270 илјади тони на годишно ниво. Додека просечното годишно производство на вино е околу 100 милиони литри. Бележиме веќе трета година по ред и континуиран раст на извозот на вино како во количина така и во вредност,, велат од МЗШВ.

Раст бележи и бројот на винарски визби, кој заклучно со август 2022 година е 139, со вкупен капацитет од околу 200 милиони литри. Сега вкупниот капацитет за преработка на грозје во вино е речиси два пати поголем од годишното производство на вино. Преку олеснувањето на условите за упис во Регистарот на производители на вина, забележан е раст и кај малите/семејни винарии и физички лица со вкупно 71 винарија со капацитет до 50.000 литри.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...