Нова крафт ракија, под брендот Gordion Amber е достапна на македонскиот пазар, како резултат на соработката меѓу „Гевгелиска дестилерија“ и дистрибутерот „Кола“.
Станува збор за висококвалитетна крафт ракија за луѓе со стил, најавија од брендот.
Изборот на дистрибутерот „Кола“ е дел од нашите заложби, нашиот бренд Gordion Amber – препознатливата крафт ракија со килибарна боја, да биде достапна на македонскиот пазар. Тоа е само еден од последователните чекори во фокусирањето на
„Гевгелиска дестилерија“ на постојаниот квалитет и понатамошна присутност и на странските пазари, изјави Александар Попов, основач на Gordion Amber.
„Кола“ со своето 30 - годишно искуство нуди организирани, најсовремени софтверски решенија, следејќи ги светските стандарди при дистрибуција на производите. Токму така организираниот систем одговара и на намерите на „Гевгелиска дестилерија“ за достапноста на крафт ракијата Gordion Amber на домашниот и на странскиот пазар.
Нашето портфолио со широк спектар и на алкохолни пијалоци, се проширува и со брендот Gordion Amber – висококвалитетната крафт ракија на познатата „Гевгелиска дестилерија“. За нас ова е зголемување и на синџирот на доверба со нов партнер, но и нова можност и предизвик за развој на категорија пијалаци за луѓе со префинет вкус, знаење и желба за уживање во македонски премиум пијалок – вели Џоџа Бојаџиевски, сопственик на „Кола“.
Gordion Amber е крафт ракија, која се произведува со процес на двојна дестилација на младо вино, по прецизно дефинирана и нијансирана рецептура, во традиционален аламбик казан. Називот Gordion Amber асоцира на неговото географско потекло (Гортинија е старото име на Гевгелија, добиено по кралот Гордион) и на богатата килибарна боја по која е препознатлива ракијата. За производство се користат квалитетни и внимателно селектирани сорти грозје од прва класа, кои се одликуваат со здраво зрно, соодветен број шеќерни единици, правилно оформен грозд и без дополнителни примеси. Следејќи ги стандардите на врвните
производители на ваков тип пијалаци, за производство на Gordion Amber се користи исклучиво срцевината од дестилатот. Ракијата се чува во буриња изработени од стогодишно француско дабово дрво што ѝ дава дополнителен луксузен шмек. Процесот на производство е целосно заокружен и строго контролиран од почеток до крај. Оригиналната рецептура на Gordion Amber е создадена од врвни мајстори.
„Гевгелиска дестилерија“ (https://gedistill.mk/) се занимава со производство на квалитетни алкохолни пијалаци со единствен и префинет вкус. Првичната намера беше да се создаде бренд кој ќе го стави гевгелискиот регион на светската мапа на производители на алкохолни пијалаци со врвен квалитет. Производствениот процес е заокружен, и е уникатна мешавина од традиционалниот начин на правење ракија и користење француска експертиза со зреење на ракијата во специјални француски буриња за чување ракија, изработени од стогодишно дабово дрво. „Гевгелиска дестилерија“ е лоцирана во чиста природна средина, во чија околина нема
никакви извори на загадување. Нашата визија е „Гевгелиска дестилерија“, покрај производствен капацитет, да стане и едукативен центар за млади дестилери, како и омилено место за „дегустаторски“ туризам, се вели во соопштението.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.