Актуелно

Скопје го доби „Ист гејт мол“

29 Oct 2021

Во предвечерјето на денешното официјално отворање, синоќа во свечена атмосфера се оддржа средба за закупците, соработниците и партнерите на „Ист гејт мол“, новиот трговски центар во Скопје.

Свое обраќање имаа акционерите натрговскиот центар, Арсим Папранику и Самир Мане. На настанот присуствуваа претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, претседателот на Собранието, Талат Џафери и претседателот на Владата, Зоран Заев, како и министри во Владата, претставници од дипломатскиот кор и претставници на закупците на трговскиот центар.

Трговскиот ценатар чија бруто изградена површина изнесува 160.000m2, беше изграден во рекорден рок од 26 месеци во услови на глобална пандемија. Инвестицијата вреди над 103 милиони евра. 

„Ист гејт мол“ е дел од повеќенаменскиот проект „Скопје ист гејт“ и претставува инвестиција на „Балфин групација“ (Balfin Group).

Официјалното отворање за посетителите е денеска во 10 часот. 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...