Брендот Pepsi и актерката Лидзи Лохан заедно претставија нова кампања под називот „пилк“ за промоција на Pepsi сок со млеко.
Кампањата настана по нагло зголемената популарност на овој пијалак на социјалната мрежа Тик Ток и претставува имитација на трендот на оставање кекс и млеко за Дедо Мраз пред Божик.
Во рекламата што трае 30 секунди, Дедо Мраз прави „пилк“ за Лидзи Лохан на Бадник, во кој таа ужива во пижами покрај огнот. КОмпанијата го покрена и предизвикот #PilkandCookies на социјалните мрежи, во рамки на кој потрошувачите кои до 25 декември ќе споделат своја фотографија со „пилк“ пијалак ќе можат да освојат парични награди.
Кампањата беше лансирана во пресрет на новиот филм на Линдзи Лохан, „Паѓање за Божик“, во кој таа ја пее песната „Jingle Bell Rock", потсетувајќи ги своите фанови на клучната сцена од популарниот филм „Лоши девојки“ од 2004 година.
Погледнете:
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.