Walkers ја слави британската национална љубов кон чипсот преку првата кампања што ги обединува сите видови и вкусови на брендот.
Британскиот бренд Walkers лансира нова кампања, која доаѓа откако познатите чипсови беа отсутни од полиците на супермаркетите во Велика Британија и по недостигот на овие грицки со кој се соочи нацијата на крајот од минатата година.
Мултимилионската кампања „Britain's Most-Loved Crisps“ (Најсаканите чипсови на Британија), која вклучува ТВ-реклама и дигитално рекламирање, има цел да ја нагласи радоста што Walkers им ја носи на своите обожаватели.
Во центарот на кампањата е телевизиски спот од 30 секунди, со камера поставена на дното од пакувањето, од гледна точка на чипсот. Спотот, проследен со песната It Must Be Love на „Меднес“, е склопен како колаж од снимки што прикажуваат различни луѓе, кои со радост уживаат во јадењето на различните видови чипс Walkers. Всушност, ова е првата кампања што ги обединува сите видови и вкусови на брендот на едно место.
Фернандо Кахане, виш маркетинг-директор за брендот во „Пепсико“, вели: Сфаќаме колку на нацијата ѝ недостигаа омилените чипсови. Лансирањето на новата реклама го препознава тоа и го прославува уживањето што го нуди портфолиото на Walkers.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.