Пишува: Марија Ќосеска, раководител на одделение за трговски марки во „Берин" и застапник за индустриска сопственост
Во современото управување на компаниите, еден од клучните фактори што влијае на успехот или на неуспехот е степенот до кој ефикасно се искористува интелектуалниот капитал и се вреднува ризикот. Тоа подразбира дека раководството треба да ја знае вредноста на правата од интелектуалната сопственост и ризиците, исто како што ја познава основната вредност на материјалните средства. Неопходно е да се процени силата на сите добра и обврски под раководство и контрола на менаџментот, за да се обезбеди нивно одржување. Искористувањето на правата на интелектуална сопственост може да има многу форми, почнувајќи од директна продажба на имот, заедничко вложување или договор за лиценца. Неизбежно, експлоатацијата ја зголемува проценката на ризикот.
Целта на управувањето со ризикот е да се искористи знаењето за потенцијалните загуби, односно ризикот да се избегне, намали или да се пренесе на неочекувани настани.
Со оглед на тоа што компаниите се развиваат и напредуваат со развојот и со искористувањето на добрата од интелектуалната сопственост, современиот менаџмент за ИС мора да прифати дека експанзијата и иновацијата доаѓаат со одредени ризици. Управувањето со ризикот од интелектуална сопственост не се однесува само на ИС, туку и на производите и услугите, бидејќи го вклучува и ризикот од повреда на правата, кој понекогаш се чини дека е заборавен. Управувањето со ризикот е самообјаснувачки термин, но тоа што е важно да се запамети во интелектуалната сопственост или во целокупниот поглед на изложеноста на ризиците поврзани со неа, е дека управувањето со ризикот подразбира идентификување закани за бизнисот и создавање начини за намалување на тие влијанија. Целта на управувањето со ризикот е да се искористи знаењето за потенцијалните загуби, односно ризикот да се избегне, намали или да се пренесе на неочекувани настани. Изложеноста на ризик варира многу од индустрија до индустрија, па дури и од бизнис до бизнис во рамките на истата индустрија. Во секој случај, не постои сомнеж дека повеќето одлуки за ИС може да влијаат на приходите, расходите и на можните идни обврски, па затоа треба да се управуваат низ целата организација. Управувањето со ризиците на ИС опфаќа неколку прашања, а неговата цел е да осигури дека сите аспекти на управување со ИС се поврзани во целокупната структура за проценка на ризик.
Пет основни правила за проценка на управувањето со ризикот од ИС:
1. Спознавање на ризикот
За да може да се донесуваат одлуки, потребно е ризикот да се разбере, но и да се претпостави најлошото сценарио. Управувањето со ризик од ИС е поткатегорија на управување со интелектуалната сопственост, која вклучува прашања за правилните политики за пребарување дозволи, патентирање за дефанзивна или офанзива стратегија, како и соодветен пристап на судски спорови. Можеби некои бизниси мислат дека е доволно да имаат разумна политика за патентирање, но доброто управување со ризиците бара повеќе.
2. Идентификување и вклучување на вистинските луѓе
Идентификувањето на вистинските луѓе (внатрешни и надворешни), како и нивното вклучување во процесот преку соработка, се особено значајни прашања.
3. Утврдување приоритети и вредност на секој ризичен настан
Според Ерик Алсегард, експерт за практика на интелектуалната сопственост, потребно е да се создаде основна матрица на ризик, за да се идентификува фреквенцијата и сериозноста на различните настани. На крај, треба да се донесе одлука дали инвестицијата за ублажување (олеснување) е вредна.
4. Утврдување буџет за управување и за ублажување ризик
Секој бизнис мора да одлучи дали трошокот е вреден за потенцијално штедење. Тоа што е трошење за заштита и осигурување на предмети можеби нема огромно влијание врз долгорочниот успех, наспроти трошоците за заштита и осигурување на предметите што имаат големо влијание. За голем број современи бизниси, првото вклучува фабрики или канцеларии, додека второто – нематеријални средства. Откако претпријатието ќе спроведе ефикасно управување со ризикот над изложеноста на ИС, следното правило би било последен чекор во однос на ризикот што останува и што е приоритет.
5. Резервирање средства за пренос на ризик за настаните што не може понатаму да се ублажат
Тоа е поврзано со претходното правило, односно со ефектот да се намалат трошоците во текот на еден циклус. Секако, обврска на раководството е да открие дали ризикот што не може разумно да го ублажи понатаму, да биде резервиран или да се пренесе на осигурители и на други заинтересирани страни. Затворените засегнати страни вклучуваат трети лица (како што е давателот на лиценцата), кои би можеле да преземат поголемо договорно обесштетување. Од тоа произлегува дека постои врска меѓу управувањето со ризикот и ризикот и управувањето со договорите. Внимателниот пристап кон ризиците поврзани со ИС, не само што може да заштеди пари и репутација, туку и трансферот на економски недостатоци, кои произлегуваат од ризиците поврзани со ИС, може да се покаже како квалитетен печат за инвеститорите.
За да може да се донесуваат одлуки, потребно е ризикот да се разбере, но и да се претпостави најлошото сценарио. Мапата мора постојано да биде ажурирана, бидејќи глобалната слика на ризикот секогаш се менува.
Доколку сè од претходно наведеното е земено предвид, тоа што вреди да се повтори за успешното управување со ризикот на ИС, е да се продолжи со поставување прашања, не само во клучните фази, туку и во текот на целиот животен циклус. За да се избегне погрешен пресврт, мапата мора постојано да биде ажурирана, бидејќи глобалната слика на ризикот секогаш се менува.
Неочекуваните загуби може да ги попречат дури и воспоставените, добро водени бизниси. Кога се користат во комбинација, управувањето со ризиците и осигурувањето на сопствениците на бизниси се моќна поддршка на безбедноста.
Донесувањето добри техники за управување со ризикот ќе има дополнителна корист и за подобрување на работењето на компанијата. Тоа може и да ја разликува компанијата од конкурентите. Ништо не е попривлечно за потенцијалните клиенти од фирма што е управувана од квалитетот.
Најефективната програма за управување со ризици за компанијата ќе зависи од природата на ИС, начинот на користење, како и од големината и организациските карактеристики на организацијата.
Заклучок
Активностите за управување со ризик од ИС може да помогнат за заштита на ИС. Најефективната програма за управување со ризици за компанијата ќе зависи од природата на ИС, начинот на користење, како и од големината и организациските карактеристики на организацијата. Во речиси сите сценарија, инкорпорирањето на управувањето со ризик од ИС би требало да обезбеди платформа за управување со ризикот од интелектуалната сопственост во една организација. Процесот на проценка на ИС, особено пристапот за приход, може да помогне за распределување на активностите за управување со ризик и да ги процени трошоците и придобивките од различни методи за заштита на ИС.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.