Ако сте тип кој сака сѐ да знае и сѐ да контролира и сте единствен што знае сѐ, другите не знаат ништо – тогаш секое проблемче е нова можност за срцев удар. Секако, среќно со тоа настојување
Пишува: Ениса Селмановиќ-Салкиќ, основач и извршна директорка на „Консултор“, www.consultor.ba
Значи, имаме проблем. Проблемче. Обично се тешки оперативни, а такви се случуваат и ќе се случуваат. И ништо нема да пропадне. Дури, од тие оперативни „проблемчиња“ најмногу се унапредуваат процесите, бидејќи обично се сфаќа дека нешто повеќе не може да се прави на ист начин, туку треба да се бара друг начин.
Главно, не е толку лошо колку што изгледа. Односно, зависи од која перспектива гледате.
Ако сте тип кој сака сѐ да знае и сѐ да контролира и сте единствен што знае сѐ, а другите ништо не знаат -тогаш секое проблемче е нова прилика за срцев удар. Секако, среќно со тие настојувања.
Хипотетичка ситуација – септември е, мириса на ајвар, а вие сакате да бидете подготвени и уште отсега нарачавте 21 брендиран роковник што ќе им ги поделите на вашите партнери на крајот од годината. А, крајот на годината е за четири месеци. Но, проникливи какви што сте, дејствувате превентивно и нарачавте порано, па нека стојат и нека чекаат. И така, горди на себе, го чекавте и го дочекавте денот на испорака.
Уште е септември, ајварот веќе почна да се јаде, а вашите роковници стигнаа. Јеее! Возбудено и особено горди ја отворате кутијата, со сјајните роковници, му се восхитувате на прекрасниот печат и на фактот дека имаат календар за наредната година. Додека сте на врвот на радоста, со прстите го пребројувате тие нови сјајни роковници ииииииииииии ужас! Еден недостига! Стигнале дваесет. Недостига едееееен!
Решете го проблемот. Заедно со луѓето на кои тој проблем се однесува. Заедно со тие луѓе што направиле сѐ за проблемот воопшто да не се случи. Заедно со луѓето кои тој проблем ќе го решат. И продолжете понатаму со животот.
Притисокот е 350, вратната жила само што не експлодирала, а онаа вена на челото заканувачки се појавила (знаете веќе која). Бесно и забрзано, а над сѐ – драматично, влетувате во првата канцеларија и со вресок што најавува апокалипса изговарате дека фали еден роковник!
Секако, сите оставаат сѐ што прават во моментот. Некои се евакуираат, а најхрабрите доаѓаат да го бараат тој еден. Не знаат ни што треба да прават, ни што недостига, ни кој или што е еден кој го нема, но сите оставаат сѐ и бараат.
Освен фактот дека не знаат што бараат, дополнителна отежнувачка околност е тирадата од набројувања: со какви неспособни работи, како мора се да следи секогаш , како ќе го умрат и така натаму и така натаму.
Во такви тешки околности, оној еден што останал смирен случајно налетал на роковниците. И на сметката за нив. Притиснат од стравот, брзо собрал два плус два и сфатил дека проблемот е во роковниците. Па со брзина на светлината и тивко овој да не чуе, го контактирал добавувачот и прашал за тој еден што недостига. Добавувачот потврдил дека го заборавиле тој еден, дека тоа веќе го забележале и дека нивен претставник веќе е на половина пат. Значи, еден што недостига стигнува за три минути. Еурека!
Оди до господинот со изразени вратни жили и најгласно што може (за воопшто да го слушне) ги изговара магичните зборови: роковникот стигнува за три минути. Нагло настапува тишина. Мртва. Мува не се слуша. Никој не дише и не трепка. Напнатоста е уште во воздухот, но се чини дека примирје е на видик, па е малку полесно. Вратната жила се повлекува, а богами и таа на челото. Од изворот на епското викање сега излегува малку тивка изјава: ете и тоа морав да го решам. И заминува.
Уште еден момент мир и тишина и тогаш почнува рехабилитација. Излегува оној што се сокрил зад филодендронот, излегува таа што беше под столот. Специјалците кои беа во акција барање на еден што недостига го тапкаат по рамо најхрабриот меѓу нив и со поглед му се заблагодаруваат за херојскиот чин што го изведе. Најхрабриот е мртов на нозе, исцрпен како да копал траса за автопат до море. Се напиваат вода, секој седнува на својот стол и продолжуваат да работат. Нема тука веќе никакво работење, но барем ќе се прават дека се зафатени и размислуваат дека добро поминаа. До следниот удар.
Да, знам – ова е бескрајно карикирана, речиси комична ситуација. Но, вистинска е. Целосно реална. Сакале вие да признаете или не, додека се фаќате по вратот и челото и проверувате дали и вие ги имате тие жили – предавници.
Секој проблем и проблемче и мини-криза. Повторувам, мини-криза. И во мини и во макси-криза се прави истото – викате додека срце не ве фати. Не.
Не се шири паника и не се крева тензија. Не се ангажираат сите луѓе – тоа, како деца на фудбал, сите скокаат на топката. Запознајте се со проблемот. Размислете што е причина за него. Одете на изворот/причината. Решете го проблемот. Заедно со луѓето на кои тој проблем се однесува. Заедно со тие луѓе што направиле сѐ за проблемот воопшто да не се случи. Заедно со луѓето кои тој проблем ќе го решат. И продолжете понатаму со животот. И научете нешто. И удрете си еден со друг по една „петка“.
Паниката и стравот не произведуваат решенија. Произведуваат неред и бегање. Заедничкото размислување и насочување кон решение – е тоа веќе го решава проблемот.
Без високи тонови, врисоци и прединфарктна состојба. Ни ваши ни нивни.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.