Човечки ресурси

Нов член во тимот: Воведи ме, заведи ме

29 Jun 2022

Првиот ден кога ќе дојде нов колега, треба да го чека подготвен простор, опрема за работа и план за воведување во работата. Треба некој и да го пречека, неговиот надреден, неговиот ментор или некој од колегите. Важно е да биде пречекан 

Пишува: Ениса Селмановиќ-Салкиќ, основач и извршна директорка на „Консултор“, www.consultor.ba

Неколку пати пишував на оваа тема, индиректно. Ајде сега да се обидеме директно. Доаѓа нов човек. Веќе не е важно дали има или нема искуство. Дали е ѕвезда во подем или ѕвезда што паѓа. Тој е нов. Нов колега, нов член на тимот. И вие нему исто така сте му нови. Без оглед на тоа што сте имале неколку разговори, па се запознавте, или што пазарот е мал, па сите се знаат. Сите вие сте нови едни за други. Што правите кога нешто ви е ново? Па, истражувате и запознавате. Или, ако сте некаде нови – барате некој што ќе ве запознае. Или, истражувате сами и се надевате на најдоброто.

Што правите кога ќе ви дојде нов член во тимот? Го оставате да се снајде. Што ако не се снајде? Па ништо, згрешивме при изборот. Значи, не е до вас? Нормално дека не е.

Морам да ја кажам суровата вистина – да, до вас е. Не сте го вовеле во работата. Не сте му покажале каде е апаратот за кафе. Каде да се паркира. Кога е пауза. Што ќе работи. Кои се правилата и процедурите. Кој е интерниот кодекс на однесување и на работа. Кои се колегите со кои директно ќе соработува. Кои се партнерите, клиентите, добавувачите. И, секако, тој прави нешто како што ќе се снајде, па и греши. Логично, никој ништо не му вика, па тој продолжува да греши.

И еден сончев ден доби отказ. Тој шокиран, а вие фрустрирани бидејќи, нели, не може да се најде чесен работник.

Што правите кога ќе ви дојде нов член во тимот? Го оставате да се снајде. Што ако не се снајде? Па ништо, згрешивме при изборот. Значи, не е до вас? Нормално дека не е.

Може, го најдовте. Но, кога ќе го најдете, треба и да го задржите, секако. Прв чекор во таа насока е правилно воведување или „onboarding“, што би рекле некои.

Значи, првиот ден кога ќе дојде нов колега, треба да го чека подготвен простор, опрема за работа и план за воведување во работата. Треба некој и да го пречека, неговиот надреден, неговиот ментор или некој од колегите. Важно е да биде пречекан.

Да повторам – нема да се носат столови за да седи в ќош покрај кутии додека не се снајде. Мора сè да биде подготвено. Тргнувам со претпоставка дека ова ви е јасно, па одиме на следен чекор – план за воведување во работата.

За да направите добар и успешен план за воведување, морате напамет да ја знаете „Уметност на војувањето“ и да имате „Оскар“ за најдобра режија. Не. Отворате и напишете по ред што ќе се случува од моментот кога ќе пречекори во зградата. 

Прво, општите работи – каде му е канцеларијата, врачување на опремата и правила за користење, каде е кујната, каде ќе се паркира и слично. Напишете и кој ќе го запознава со процесите и до кога.

Второ, правила – кодекс, правилници, процедури и инструкции, деловна комуникација и слично. Напишете и кој ќе го запознава со сево ова и до кога.

Трето, оддели – убаво да го запознае секој оддел, да му се каже кој што работи и каде ќе бидат допирните точки на соработка и комуникација.

Четврто, работата – неговото работно место, што ќе работи, како ќе работи, со кого ќе работи... ова ќе биде најголем сегмент во однос на тоа што новиот колега треба да го прави. Повторно, задолжително да се напише кој го запознава со кој дел од работата, и до кога ќе трае тоа. Овде додаваме и нов момент, чисто за да биде возбудливо – проверка на знаења. Па мораме да знаеме дали треба уште да се учи или нема надеж ако учи уште неколку години.

Секако, сите што се вклучени во воведувањето мора да го знаат планот. Мора да знаат кога е на распоред нивната задача и што треба да прават.

И еден сончев ден доби отказ. Тој шокиран, а вие фрустрирани бидејќи, нели, не може да се најде чесен работник.

 

Исто така, и новиот колега треба да знае за планот – и тој да види и да знае што сè ќе се случува. Да добие чувство дека знаете што правите. И да разбере какви се очекувањата од него. Не само да „прошета“ низ планот, туку да следи, учи, забележува, а секако, и критички да размислува и нешто да предложи.

Е, кога сето тоа ќе го направите, тогаш може да очекувате дека е ваш и само ваш. И дека сте го одбрале вистинскиот. И дека вистинскиот точно знае што прави и како прави. Бидејќи го воведовте и го заведовте.

 

 

 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...