Маркетинг

„Проктер & Гембл“ го зголеми буџетот за огласување првпат по 2016 година

12 авг 2020

Годишниот извештај на компанијата „Проктер & Гембл“ покажа дека годишниот буџет за огласување во Велика Британија, заклучно со јуни 2020 година, е зголемен за 8,5 отсто, на 575 милиони долари. 

Тоа е прв пораст на вложување во огласување од 2016 година и доаѓа и покрај пандемијата што ги погоди компаниите и државите ширум светот. 

За зголемениот буџет за огласување делумно е заслужен и порастот на нето продажбата за 6 отсто, иако вложувањето во маркетингот дојде и пред да се зголеми обемот на работење. 

Извршниот директор на компанијата, Дејвид Тејлор, потсети дека „Проктер & Гембл“ оваа година е прогласена за „маркетар на деценијата“ на Меѓународниот фестивал на креативноста во Кан, додавајќи дека тоа укажува на константна ефикасност на растечките пазари. 

Го подигнавме нивото во сите аспекти на супериорност-производството, пакувањето, комуникацијата со потрошувачите, малопродажбата и вредностите. Овие вложувања дадоа силни резултати и пред и за време на пандемијата, изјави Тејлор. 

 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...