Маркетинг

Coca Cola во нова амбалажа по повод инагурацијата на претседателот на САД

20 Jan 2025

Во пресрет на инагурацијата на новиот претседател на САД, Доналд Трамп, компанијата „Кока Кола“ лансира посебна стаклена амбалажа за Coca Cola.

 Имено, од 2005 година, кога претседателот Џорџ Буш ја презеде функцијата, компанијата секоја инаугурација на американски претседател ја одбележува со ограничено издание на шишето на Coca Cola.

Чест ни е да ја продолжиме традицијата на препознавање на важноста на секое ново претседателство. Овие комеморативни шишиња се начин да го почитуваме овој значаен момент во историјата на нашата нација на секои четири години, а нашата растечка колекција на инаугуративни шишиња помага да се раскаже приказната за нашата неверојатна земја, изјави Џим МекГриви, потпретседател за јавна политика и односи со владата во компанијата „Кока Кола“ – САД.  

Годинава наместо обична Coca Cola, специјално пакување доби Coca-Cola Zero, откако новиот претседател во неколку наврати изјави дека повеќе ја сака оваа верзија на популарниот пијалок.

Специјалното пакување има карактеристична сива етикета, како и анимација на Белата куќа, името на новоизбраниот претседател и датумот на инагурација од  шишето на идниот претседател лично му ја подари Џејмс Квинси, претседател и извршен директор на компанијата „Кока Кола“.

 

 

 

 

 

Извор: InStore.rs

Фото: „Кока – Кола“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...