Ви претставуваме преглед на огласувањето на категоријата слатка програма на ТВ-станиците во Македонија. Извор за овие податоци се Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје и „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија (www.nielsen.com), единствениот мерач на телевизиска гледаност на ниво на земјата избран од Стопанската интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во земјата.
(„Ниелсен аудиенце меaсуремент“ е специјализирана агенција за истражување на гледаноста на телевизија)
ТВ-станици: „Сител“, „Канал 5“, „Алсат М“, „Телма“ и „Алфа“
Варијабли во анализата се EQ GRP 30 на целната група тотал 4+ и нивниот удел. GRP е збир на рејтингот од секој индивидуален рекламен спот, EQ GRP или 30 секунди GRP е еднакво на GRP што би се остварил кога должината на видеоспотот би изнесувала 30 секунди.
Секој производ има посебна целна група, а за да се направи споредлива анализа, потребно е за цела категорија да се избере една целна група. Тоа е целната група 4+. Резултатите би биле поинакви кога, на пример, би ја анализирале групата жени на возраст од 18 до 49 години.
Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје е единствен сопственик на податоците за телевизиската гледаност во Република Северна Македонија и го координира електронското мерење на телевизиската публика во Република Македонија со цел да го унапреди квалитетот на електронското мерење на медиумската публика. Како заедница, формирана е од петте национални терестријални телевизиски станици: „Алсат- М“, „Канал 5“, „Сител“, „Телма“, „Алфа“ и Македонска асоцијација на комуникациски агенции (Агенции за маркетинг) МААМ Скопје.
Стопанска интересна заедница - Комитет за мерење на публиката во Република Македонија ги промовира идејата, создавањето и развојот на заедницата, транспарентноста на сите полиња поврзани со мерењето на медиумската публика, знаењето за најдобра практика во мерењето на медиумската публика и истражувањето на националните пазари за рекламирање. Таа претставува центар за информирање за мерењето на публиката во Македонија.
За остварување на дејноста и целите, СИЗ Комитет за мерење на публиката во Република Македонија, Скопје ја избра „Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Македонија како агенција која ќе го спроведе електронското мерење на публиката во Република Северна Македонија за период од седум години.
„Ниелсен аудиенце меaсуремент“ – Mакедонија (www.nielsen.com) има поставено панели во повеќе од 30 земји на пет континенти, штоја прави прв глобален провајдер за мерење на телевизиската гледаност (Television
Audience Measurement – TAM). Мерењето на телевизиската гледаност со употребата на пиплметарот од системот TAM во досегашната употреба се покажа како најуспешен и најпрецизен начин за добивање информации во Европа и во светот. Успехот е најголем во прецизноста на добивање податоци за програмското и за комерцијалното гледање, прикажано минута по минута, секој ден, 365 дена во годината. „Ниелсен АМ“ има големо успешно искуство во поставувањето пиплметри од системот TAM низ целиот свет. Не постои ниту еден друг провајдер со таква услуга во светот што има можност за одржување на системите во различни средини и култури. Освен во Македонија, „Ниелсен“ има операции и во регионот: Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и во Србија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.