Grand кафе кое е дел од групацијата „Атлантик“, лансира мобилна апликација која е инспирирана од традицијата на гледањето во шолја од кафе.
Љубителите на кафе со новата апликација ќе имаат можност со помош на вештачка интелигенција да добијат персонализирана порака и толкување на симболите на дното на својата шолја со кафе.
Секоја шолја има уникатни симболи. На пример, симболот на младата месечина може да означи нов почетоко, повикуваќи на нова љубовна приказна или на остварувањето на дологочекуваните желби. Розите на зајакот можат да го најават признанието од вложениот труд или деловен успех. Гулабицата потсетува на важноста на зачувување на здравјето, додека бродот сугерира на претстојните патувања или значајни промени во животот, како селидба или промена на работното место, велат од Grand кафе.
Упатството за користење на апликацијата може да се најде на страницата на Инстаграм на Grand кафе, а апликацијата е достапна преку Гугл плеј или Апп стор.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.