Pepsi лансира нова кампања во пресрет на новата фудбалска сезона на „НФЛ“, која инспирирана од продолжението на легендарниот филм „Гладијатор“.
Во рамките на кампањата лансиран е спот кој е режиран од Џејк Скот, син на режисерот Ридли Скот, кој ги режираше на филмовите „Гладијатор“ и „Гладијатор II“.
Главните улоги во спотот ги имаат американските фудбалери Џош Ален, Дерик Хенри, Џастин Џеферсон и Тревис Келце, како и пејачката Меган Ти Сталион, која е задолжена за музиката во рекламата која е преработка на познатата песна на Квин „ Ви вил рок ју“.
Оваа кампања е продолжение на долгата историја на нашиот бренд да биде во првите редови на културата, да соработува со легендарни уметници и да го слави фудбалот, изјави Џени Данзи, директор за маркетинг на брендови во „Пепсико“.
Ова не е прва кампања на Pepsi која е инспирирана од гладијаторските борби. Во 2004 година брендот ја лансира култната реклама во која пејачките Бијонсе, Бритни и Пинк одбиваат да се борат и ја пејат „Ви вил рок ју“, додека во улога на владател во спотот се појавува Енрике Иглесиас.
Извор: InStore.rs
Фото: Pepsi
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.