Маркетинг

Саудиска Арабија: „Крафт Хајнц“ ќе им го олесни грицкањето на гејмерите

20 Aug 2024

Во рамките на гејминг фестивалот „Еспортс ворлд куп“, „Крафт Хајнц“ го претстави роботот „Хум хум“ кој е наменет да им го олесни грицкањето на гејмерите за време на играњето на игри.

Од компанијата истакнуваат дека се работи за робот кој што е креиран да ги да мака грицките или пилешките прсти во сос и да им го даде на гејмерите, за тие да не мора да валкаат рацете додека играат или да ја запираат играта.

 „Хум Хум“ е нашиот ирационален чин на љубов кон ирационалната љубов на гејмерите кон Heinz. Ова е подарок за гејмерите затоа што секоја играчка сесија заслужува да биде без прекин, изјави Пасант Ел Ганам, директорка за марктинг во „Крафт Хајц“ – МЕА.

Оваа иновација доаѓа после истражувањето кое покажало дека 75% од гејмерите сакаат полесен начин на грицкање додека играат игри.

 Во следниот период компанијата ќе биде отворена за за усовршување на роботот преку  воведување на опции за препознавање на глас  и лица.

 

Извор: PR Newswire

Фото: „Крафт Хајнц“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...