„Загрепска пивара“ во соработка со хрватскиот спортист, Ивица Костелиќ, ја претстави новата кампања за својот пијалак Hidra.
Како спорстисти, одржувањето на хидратизацијата е клучно за моите перформанси, а потоа и за опоравување. Hidra стана искучително важен дел за моите секојдневни рутини и навистина ми помага да останам хидриран и фокусиран кога тренирам или кога уживам во слободното време, изјави Ивица Костелиќ, долгогодишен амбасадор на брендот Hidra.
Како што истакнуваат од компанијата, трендовите покажуваат дека после пандемијата 60% од потрошувачи на глобално ниво повеќе се грижат од порано за своето физичко здравје, а 63% од нив се грижат за нутритивните вредности на производите кои ги внесуваат во својот организам.
Покрај новата кампања, претставен е и новиот визуелен идентитет и слоганот на брендот кој гласи „Уживај природно“, а новата амбалажа може да се најде на полиците во продавниците низ целата држава.
Нашите потрошувачи се сите оние кои имаат многу обврски, но сакаат успех и го даваат својот максимум при решавањето на сите животни предизвици. Поради брзото темпо на живот често немаме доволно време за квалитена исхрана и одмор кој што е потребен за организмот, поради што често мораме да посегнеме за нешто што ќе ни помогне. Hidra е посветен партнер во секој момент,кога сме во гужва и кога уживаме во заслужената пауза, а новиот визуелен идентитет ја покажува нашата посветеност за квалитетот и задоволството кај потрошувачите, изјави Иван Јонјиќ, специјалист за брендовите во „Загрепска пиварница“.
Извор: InStore.hr
Фото: „Загрепска пиварница“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.