Маркетинг

Кина: Дејвид Бекам е новиот бренд амбасадор на „Алибаба“ (Видео)

03 Jun 2024

Фудбалската ѕвезда Дејвид Бекам ќе ја промовира „Алибаба“ и нејзината меѓународна платформа за е-трговија, „Алиекспрес“ во нејзиното најголемо глобално партнерство, објави компанијата .

 Компанијата, како глобален партнер на УЕФА ЕУРО 2024 ја лансира новата кампања во која фудбалерот ќе промовира посебни акции во пресрет на Европското фудбалско првенство кое започнува во средината на месецов.

 „Алиекспрес“ ова лето ќе им помага на навивачите уште повеќе да се приближат на УЕФА ЕУРО 2024 година, нудејќи им сјајни награди додека ги следат акциите на теренот, изјави Бекам.

Без оглед дали сте или не сте љубител на фудбалот, не можам да замислам никој подобро да покаже како е лесно да се победи со апликацијата на „Алиекспрес“ за време на Европското првенство, изјави Гари Топ, комерцијален директор на „Алиекспрес“ за Европа.

Од компанијата наведуваат дека во рамките на кампањата потрошувачите ќе имаат можност да освојат разни награди преку апликацијата на „Алиекспрес“, како што се карти за натпревари во рамките на првенството.

Извор: Alizila

Фото: „Алибаба“/„Алиекспрес“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...