За да го одбележи заминувањето на тренерот на фудбалскиот клуб Ливерпул, Јирген Клоп, „Карсберг“ и Eerdinger Weissbräu. на пазарот лансираа ограничена серија на пиво.
Во „Карслберг“ никогаш не остануваме сами. Секогаш стоиме зад нашите партнери и неверојатно сме горди во нашето триесетгодишно партнерство со фудбалскиот клуб „Ливерпул“. Нашата клучна вредност е љубопитноста, а фудбалот е несомнено еден од најљубопитните спортови на светот, кој секогаш се стреми кон усовршување. Ни беше задоволство да го гледаме патувањето на Јирген низ овие девет сезони. Дали има подобар начин да ја прославиме ваквата икона од создавање на навистина нешто уникатно, изјави Лоис Бах, глобална директорка за спонзорства во „Карлсберг“.
Ограничената серија на пива ќе вклучува 491 шише, за секој натпревар кој Јирген го водел за Ливерпул, а кои ќе се продаваат на акција во соработка со организацијата „Грахам буд“, а собраните средства ќе бидат наменети за фондацијата на овој фудбалски клуб.
Специјалното пиво ќе го носи името Believers Brew, како инспирација од првата прес конференција на Клоп, кога изјави дека од „неверниците ќе направи верници“.
„Карслберг“ е официјален спонзор на овој фудбалски клуб повеќе од 30 години, додека Клоп од 2019 година е амбасадор на брендот Erdinger Weissbräu.
Извор: Retail Times
Фото: „Карслберг“
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.