Маркетинг

(КАМПАЊА) Трговецот што дава највисоки плати

29 Aug 2023

„Алди“ во Велика Британија почна нова кампања за да го одбележи последното зголемување на платите на вработените во продавниците, бранејќи ја титулата „трговецот што дава највисоки плати“.

Почетната плата за помошните работници во продавниците на „Алди“ сега е 11,4 фунти (13,3 евра) на час, а трговецот плаќа и за паузите.

Кампањата, креирана од агенцијата „Меккен Манчестер“, вклучува билборди и објави на социјалните мрежи кои на интересен начин ги поврзуваат платите со храната. Компанијата постави билборд од кој лебот „расте“ благодарение на „соодветниот квасец“.

Кога клиентот има едноставна порака како „Ние сме трговецот што дава највисоки плати“, не дозволувате ништо да му застане на патот. Целата оваа кампања беше да покаже дека сме храбри и да привлече што е можно повеќе внимание од случајните минувачи, користејќи го препознатливиот тон на „Алди“, рече Ден Нолер, извршен креативен директор на „Меккен Манчестер“.

Кели Стоукс, директорка за човечки ресурси во „Алди“, истакнува дека како што на потрошувачите им ветуваат дека секогаш ќе нудат најниски цени во Велика Британија, така се посветени да бидат и трговецот што најдобро ги плаќа колегите. Сакавме уште еднаш да покажеме дека „Алди“ е посветен на правично наградување на вработените за нивната напорна работа, на начин што ги тера луѓето да застанат, да прочитаат што имаме да кажеме и попат, да се насмеат.

Малопродажната компанија неодамна објави дека ќе вработи повеќе од 1.700 работници до крајот на годината, како дел од стратегијата за проширување на мрежата. Акцијата за регрутирање вклучува различни работни места, со полно и со скратено работно време, во регионалните магацини на трговецот на мало.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...