Автор: Џејмс Волтон, главен економист, ИГД
Иако во Велика Британија референдумот се смета дека е советодавен, владата навести дека тој ќе одлучи за резултатот на Брегзит. Овој пресврт на настаните беше изненадување за многумина – сите големи британски политички партии го поддржаа членството во ЕУ и во деновите пред референдумот, повеќето анкети укажуваа на тесна победа на фракцијата за останување во ЕУ.
Недостигот од историски преседан, отсуството на јасните планови за Брегзит и загриженоста за можниот домино-ефект, предизвикаа значителни флуктуации во глобалната валута и во капиталните вредности.
Влијанието на ослабената фунта
Вредноста на фунтата полека се намалуваше во периодот до референдумот, а веднаш потоа забележа остар пад. До 1 август, фунтата се намали за 13 отсто во однос на еврото и за 11 отсто во однос на доларот. (Во меѓувреме, еврото незначително се зголеми во однос на доларот, веројатно поради тоа што барем дел од несигурноста за иднината сега е решен).
Со фунтата, која сега е на историско најниско ниво, производите увезени во Велика Британија станаа значително поскапи за кратко време, дури и кога условите и достапноста сè уште се непроменети. Тука се вклучени увезените прехранбени производи и пијалаците – не само стоките за продавање, туку и придружните операции (пакување, инвестирање, професионални услуги).
Тоа не мора да значи дека ќе се случи веднаш – се надевам дека бизнисите се заштитени од валутната нестабилност со хеџинг договори и цените може да ги дефинираат со претходните договори. Но, време е за подготовка. Сепак, овие договори за заштита од ризици имаат ограничен рок, така што влијанието на слабата фунта на увозот на храна и на пијалаци во Велика Британија веројатно ќе биде инфлациско, на среден до долг рок.Нивната способност да ги апсорбираат зголемените трошоци ќе биде ограничена. Влијанието на профитабилноста на увозниците на храна и на пијалаци е веројатниот исход. Со оглед на тоа што Велика Британија сочинува околу 20 проценти од целокупниот западноевропски пазар на овие производи, влијанието на интернационалниот бизнис ќе биде длабоко.
Тоа може да предизвика промени во однесувањето и крајните потрошувачи во Велика Британија да бараат поевтини, поконкурентни и домашно произведени алтернативи.
Дали слабоста дава сила? Во тој случај, Велика Британија може да стекне и корист од природните „пазарни сили", но тоа не мора нужно да ги спречи компензациските девалвации од другите влади. За среќа, глобалните цени на храната и на пијалаците во моментов се на ниско ниво, далеку под максимумот од 2007 до 2009 година, а малопродажните цени се во опаѓање. Засега, тоа може да ги ублажи ефектите од падот на валутата.
Ефектите на ослабената фунта за бизнисот со прехранбени производи и со пијалаци значи повеќе од промена на цените. Секој приход во фунти, на пример, профитот од британското работење на интернационалните малопродажни трговци, ќе биде со помала вредност кога ќе се конвертира во домашната валута. Но, намалената вредност на фунтата значи и дека британскиот извоз ќе биде поконкурентен на меѓународниот пазар. Тоа може да помогне да се надоместат трошоците за загубите што Велика Британија ќе ги има во одредени области (на пример, во месната индустрија). Гледајќи од другата страна, големата промена на вредноста на валутата значи и дека Велика Британија сега има потенцијал за извезена дефлација и за увезена инфлација во секторот храна и пијалаци. На тој начин, притисокот на цените и на профитабилноста може да се прошири и надвор од границите на Обединетото Кралство.
Тоа е една од причините поради што некои земји се обидуваат вештачки да ја девалвираат сопствената валута во време на економска криза – политика со која може да станат конкурентни, бидејќи земјите се натпреваруваат една со друга за трговска предност.
Последната промена на вредноста на фунтата може на Велика Британија да ѝ даде одлучувачки трговски „раб", кој другите земји тешко би го достигнале, барем тие што се во еврозоната.
Неутрализација на валутните ефекти
Тешко е да се предвидат идните валутни текови, а Брегзит е само еден од бројните глобални стресови, што дополнително ја потврдува нестабилноста на валутите.
Компаниите може да го компензираат влијанието од валутните флуктуации преку стратегии на ограничување на ризиците. Достапни се неколку опции, во зависност од отвореноста кон ризици и кон трошоци:
Генерално, намалувањето на ризикот вклучува поголеми трошоци, така што компаниите може да направат комбинација од валутните опции.
Паметното планирање ќе помогне во управувањето со ризикот. Интернационалните индустрии со храна и со пијалаци треба да најдат одговор на прашањата:
Долгорочни промени
На членките на ЕУ им е дозволено преговарање во рок од две години за излез од Унијата, од моментот кога ќе ја објават намерата. Во меѓувреме, Велика Британија сè уште е членка на ЕУ, целосно интегрирана во пазарот, но со поповолна девизна позиција.
Со текот на времето, девизната несигурност може да ја направи појасна стратешката и економската позиција на Велика Британија, но ќе треба да помине извесен период за другите несигурности да се решат. Интернационалните компании за храна и за пијалаци, по Брегзит, треба да ги имаат предвид:
Референдумот може да предизвика уставни промени во Велика Британија, а последиците ќе се прошират. И други земји, со антиевропски движења, сега дополнително се инспирирани – барањата за нови референдуми се зголемуваат. Според тоа, структуралниот интегритет на ЕУ е потенцијално загрозен со заминувањето на Велика Британија. Но, може да се случи и спротивното – ако се види дека Велика Британија страда од Брегзит, европските национални избори би можеле да индицираат промена на расположението.
Овој фактор може да биде од одлучувачко значење и за компаниите и за потрошувачите. Основата на каматните стапки на поголемиот дел од пазарите е ниска, со цврста монетарна политика. Со поддршката од централните банки на побарувачката, се очекува дека тоа ќе продолжи, но каматните стапки во малопродажбата што им се нудат на комерцијални и на приватни должници може да се зголеми, за да се компензира зголемениот ризик.
Тоа ќе биде на штета на тие што имаат големи заостанати долгови, а може да ги одложи и потребните инвестиции или, во најмала рака, да се постави повисок праг на поврат на инвестициите.
По референдумот, може да се зголеми и цената на трговскиот кредит за осигурување.
Еден од централните принципи на слободниот пазар на ЕУ, кој во последниве години, од геополитички причини, е доведен во прашање. Некои сили од ЕУ (и Швајцарија) вршат притисок за поголеми ограничувања на слободата на движење, а истовремено, сакаат да го задржат слободниот пристап на пазарот. Идните активности на европските бизниси ќе бидат водени од конечните решенија на овие прашања, ако воопшто постојат.
Голем број прехранбени и индустрии за пијалаци, без разлика дали се купувачи или продавачи, имаат интерес за продолжување на тргувањето меѓу пост-брегзитна Велика Британија и другите земји на ЕУ. Можеби, идеално би било слободната трговија да продолжи и по Брегзит, иако светот бара големи отстапки и од двете страни.
Можни се и други трговски договори меѓу Велика Британија и ЕУ, но сите би вклучиле пониско ниво на слобода, повисоки цени и поголема комплексност, што би можело да ја попречи трговијата и да ги диктира цените.
Трговските односи надвор од ЕУ, исто така ќе бидат погодени од Брегзит. Како европска членка, Велика Британија преговараше заедно со другите и имаше придобивки од договорите што беа постигнати. Надвор од ЕУ, земјата ќе треба да бара нови трговски договори со трети земји.
Референдумот за излез на Велика Британија сè уште не е спроведен – ниту за интернационалните бизниси, ниту за нивните купувачи. Долгорочно, влијанијата за излез на земјата од Европската Унија ќе се одвиваат бавно, а последиците – добри или лоши, ќе бидат длабоки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.