Средната класа претставува исклучително важен дел од потрошувачите, кој континуирано се зголемува. Во развојот на пазарот помеѓу 1990 и 2005 година, таа порасна од 1,4 милијарди на 2,6 милијарди луѓе (Martin Ravillion, www.economist.com). Да видиме која е ситуацијата во Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Земајќи го предвид потенцијалот на средната класа, компаниите мораат да знаат што се случува со нив, бидејќи, и покрај рецесијата, средната класа има голема купувачка моќ.
Автор: Борислав Радојковиќ, „Медиана"
Често се претпоставува дека на секој пазар средната класа најмногу е ориентирана кон некои материјални вредности и амбициозност. Всушност, дали е ова точно? Ова го утврдивме со помош на одговорите на 13.000 испитаници од четири поранешни југословенски пазари. Податоците, исто така, ги споредивме со другите развиени земји и земјите во развој. Резултатите покажаа дека мрачната економска клима во европските земји е под дејство на оптимизам од некои нејзини жители или потрошувачи, но не во еднаква мера.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.