Анализи

Пикаса: Газираните сокови на прагот од летото

20 Jun 2022

Присуство на безалкохолните пијалаци во дигиталните медиуми и активност на публиката, мај 2022

Ви ги претставуваме податоците од истражувањето на „Пикаса аналитикс“ за периодот од 1 до 31.5.2022 година во врска со активностите и присуството на брендовите на газирани сокови во дигиталните медиуми во земјите од регионот на Западен Балкан (РС Македонија, Албанија, Косово, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина).

Истражувањето опфаќа мониторинг на објавите и текстовите во дигитални медиуми во регионот и детекција на споменувањата на брендовите на газираните сокови, како во објавите на медиумите така и на социјалните мрежи. Освен мерењето на волуменот на објавите, истражувањето опфаќа и мерење на бројот на реакции и ангажмани од публиката (допаѓања, коментари и споделувања) на објавите каде што има споменување на брендови на газирани сокови.

На слика 1 е дадена мапа каде што се претставени топ-3 бренда на газирани сокови кои биле активни во мај во 6. земји од регионот, според просечниот број на реакции на публиката на објава или текст во дигиталните медиуми и социјалните мрежи.

Слика 1: Топ-3 бренда на газирани сокови, според реакциите по објави на социјалните мрежи

На мапата може да видиме дека во Србија, но и регионално, Cockta е водечки бренд според просечниот број на реакциите од публиката, со просек од 538 реакции по објава. Следна е Fanta, која просечно има по 247 реакции кај српската публика во мај годинава.

Во Босна и Херцеговина во мај, според просекот на реакциите на публиката, доминира Sinalco со 212 реакции по објава, пред Sprite и Fanta со по 79 и 45 реакции во просек по објава, последователно.

Според истиот параметар, во РС Македонија прва е Газоза со 165 реакции, пред Cockta со 108 и Mirinda со 49 реакции од публиката на објавите и статусите каде што се присутни овие брендови.

Во Албанија во мај доминира Coca-Cola со просечно 73 ангажмани од публиката, додека Pepsi е на второ место со 26 реакции по објава, за разлика од Косово каде што Pepsi е на првото место со 68, додека Fanta и Coca-Cola имаат 24 и 22 реакции во просек, последователно.

Во Црна Гора во мај има најмал ангажман на публиката во регионот, кој се движи помеѓу 28 реакции на објавите каде што е спомената Coca-Cola, 20 реакции во просек за Sinalco и 15 реакции за објавите и текстовите каде што се споменува Pepsi.

Најголеми осцилации имаат ониe брендови што лансирале нов производ со маркетинг-кампања и јавна поддршка од инфлуенсери, како и почеток на наградна игра.

На слика 2 се претставени топ-3 бренда на газирани сокови во Македонија, според вкупниот број на објави и споменувања во дигиталните медиуми, како и вкупниот волумен на реакции на публиката.

Слика 2: Топ-3 бренда на газирани сокови во Македонија, според број на објави на социјалните мрежи и на дигиталните медиуми

Според вкупниот волумен на објави во Македонија, во мај доминира Coca-Cola со 229 објави каде што е спомената, што претставува 64,3% од вкупните објави во категоријата газирани пијалаци.

На второ место е Pepsi со 42 објави, или 11,8% од вкупните објави во категоријата, додека Sinalco е на трето место со 29 споменувања (8,2% удел во категоријата).

Според вкупниот број на реакции на публиката, објавите каде што се спомената Coca-Cola генерирале вкупно 5.599 реакции на публиката (52,8% од вкупниот број реакции во категоријата), од кои најголем дел се допаѓања (3.682), коментари (1.098), а публиката ги споделила објавите 819 пати.

На второ место според бројот на реакции се наоѓа Газоза со вкупно 2.480 реакции (23,4% од реакциите во категоријата), следена од Pepsi со вкупно 2.480 реакции на кои отпаѓаат 7,2% од вкупните реакции на публиката на објави и постови каде што се споменуваат брендови на газирани пијалаци.

Методологија:

„Пикаса“ ја користи својата онлајн-платформа Analytics.live за да следи во реално време повеќе од 1.300 медиуми и илјадници канали на социјалните медиуми во 6 земји од Западен Балкан (Босна и Херцеговина, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија и Република Северна Македонија). Платформата за аналитика ги прикажува медиумските написи заедно со нивната соодветна пенетрација на платформите на социјалните медиуми (Facebook, Instagram, Twitter, YouTube) броејќи ги сите видови активности и реакции (лајкови, споделувања и коментари).

„Пикаса“ има над 10 години искуство во науката за податоци, развој на алгоритми, вештачка интелигенција и машинско учење. Таа им нуди на компаниите, организациите и институциите пристап до единствени податоци од над 1.300 медиуми и илјадници канали за социјални медиуми. Во комбинација со искусен тим од доктори на науки за податоци, дата-аналитичари и високи медиумски експерти, развивме неколку производи за следење на медиумите во реално време и технолошки капацитет за создавање приспособени решенија. Успеавме да одговориме на некои од најпредизвикувачките прашања во врска со употребата на дигитални и социјални медиуми за ширење пропаганда, сентимент, идентификување канали и спроведување истражувачки работи.

Во последните 2 години, преку мониторинг и консултации, им помогнавме на повеќе од 30 медиумски канали и над 50 компании да ги зголемат и максимираат своите резултати, користејќи техники за пристап до поширока публика.

Контакт: Ема Муратова, regional manager во „Пикаса аналитикс“
mail: ema@pikasa.ai mob: 071 233 673

Адреса: Булевар Крсте Мисирков 7 ЛАМ.Ц2/14 , ТЦ Мавровка 1000 Скопје

Тел: +389 2 3212-812



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...