Повеќе од сто години градовите се економски центри во поголемиот дел од земјите низ целиот свет. Од индустриската, па сѐ до информациската ера, градовите го поддржуваат порастот на домашниот бруто-производ.
Автор: Оли Батерворт, аналитичар на малопродажба, ИГД
Едно од најголемите влијанија од пандемијата на ковид-19 е поместувањето на економската активност од поголемите урбани или градски центри во субурбани, приградски области. Во текот на изминатата година врз овој тренд влијаеја низа фактори, вклучувајќи ги карантинските ограничувања, работата од дома и ограничените можности за социјални, спортски и друг вид настани.
По достигнувањето на пикот на пандемијата низ целиот свет следува намалување на бројот на новозаболени во повеќе земји, паралелно со олабавувањето на рестриктивните мерки и дистрибуцијата на вакцини. Што значи тоа за иднината на малопродажбата во урбаните и во субурбаните локации?
Додека бизнисите на урбаните локации беа сериозно погодени од пандемијата, забележителен беше трендот на дисперзија на економската активност во приградските области.
Иднината на урбаната малопродажба
Повеќе од сто години градовите се економски центри во поголемиот дел од земјите низ целиот свет. Од индустриската, па сѐ до информациската ера, градовите го поддржуваат порастот на домашниот бруто-производ.
Компаниите од повеќе индустрии што размислуваат на тој начин имаат корист од тоа што се сместени во непосредна близина едни со други. Економската активност што ја генерираше овој тренд го помогна развојот на станбен и деловен имот, забавни и спортски објекти, културни знаменитости и туристички атракции. На глобално ниво, луѓето беа привлечени од можностите што ги нудат градовите, а трговците развија различни модели за да ги задоволат нивните потреби.
Сепак, рестрикциите за движење за време на пандемијата ги ограничија активностите во градовите. Додека бизнисите на урбаните локации беа сериозно погодени, забележителен беше трендот на дисперзија на економската активност во приградските области.
Со оглед на тоа што рестрикциите за движење се намалуваат, мора да размислиме што ќе следува и што ќе значи тоа за малопродажбата.
Пред да претпоставиме дека животот во урбаните области ќе се врати како во претпандемската нормалност, треба да се земат предвид неколку фактори.
Мобилност и доверба
Со проширувањето на дистрибуцијата на вакцините се ублажуваат и рестрикциите за движење. Сепак, пред да претпоставиме дека животот во урбаните области ќе се врати како во претпандемската нормалност, треба да се земат предвид неколку други фактори.
Еден од тие фактори е колку луѓето ќе бидат подготвени да патуваат до работа, вклучително и со јавен превоз, со оглед на тоа што загриженоста за безбедноста и довербата за многумина ќе останат врвни приоритети. Од друга страна, за многумина клучни предности ќе бидат достапноста, работата од дома и доследноста на сопствениот начин на живот.
Ребаланс меѓу урбаните и субурбаните области, урбаните зони ќе ја вратат силата или ќе бидеме сведоци на т.н. „крофна-ефект“?
Три сценарија
Постојат три потенцијални исходи за урбаните локации и, следствено, за еволуција на малопродажбата:
Наш став
По пандемијата очекуваме луѓето што работат во канцеларија, во просек, да поминуваат двојно повеќе време работејќи од дома. Оттука, ребалансот меѓу урбаните и субурбаните области е најверојатниот исход, со оглед на тоа што луѓето ќе балансираат со времето поминато во градските и приградските зони.
Големите бизниси веќе ја приспособуваат работата во согласност со политиката за работа од дома и го намалуваат деловниот простор. Очекуваме и другите, помали компании да го следат нивниот пример.
И покрај намалениот број луѓе што секојдневно патуваат до работните места, метежот во градовите ќе остане. Поголема промена ќе се почувствува во предградијата, каде што тие што сега поминуваат повеќе време работејќи од дома, се чувствуваат како да имаат повеќе време и пари да потрошат во околните продавници и ресторани.
Овие очекувања претставуваат огромни можности за малопродажните трговци и за рестораните со брза услуга и во урбаните и во субурбаните области. Сепак, тие мора да бидат подготвени да еволуираат за да ги задоволат новите потреби на потрошувачите.
Оли Батерворт е задолжен за меѓународни истражувања и анализи на малопродажба во ИГД. Тој редовно прави истражувачки патувања до клучните пазари, ги посетува продавниците и соработува со трговците на мало и со производителите.
ИГД обезбедува глобален увид, анализа и прогнози за пазарот на прехранбени и производи за широка потрошувачка, со што им помага на клиентите да се движат низ предизвиците на малопродажниот пејзаж што постојано се менува.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.