Одржани

Невромаркетинг – како потрошувачите ги носат одлуките?

03 Mar 2022

Што е суштината на невромаркетингот и како тој може да помогне во декодирањето на однесувањето на потрошувачите е темата на еднодневната онлајн-работилница, закажана за 2 март.

Работилницата во организација на агенцијата „Кликер маркетинг“ и магазинот InStore, ќе ја води Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting).

На онлајн-работилницата, насловена „Невромаркетинг – инструмент за декодирање на однесувањето на потрошувачите“, ќе добиете одговори на бројни прашања:

  • Како изгледаат морфологијата и функцијата на мозокот и како тие влијаат врз донесувањето на одлуките кај потрошувачите?
  • Дали потрошувачите знаат како и зошто носат одредени одлуки и кои се механизмите за одлучување? Дали знаат зошто купуваат одредени производи, а други не?
  • Дали маркетинг-професионалците и креативните агенции треба да донесуваат одлуки за дизајн на пакувања, ТВ-реклами и други комуникациски (креативни) решенија интуитивно (засновано на „чувство“ или „допаѓање“), квантитативно/квалитативно (според невромаркетиншки истражувања) или со комбинација на овие начини и инструменти?
  • Како потрошувачите на малопродажните места да ги запрете, да им го привлечете вниманието и да ги убедите да го одберат вашиот производ од стотици и илјадници други изложени на полиците?
  • Дали е доволно да се користат традиционалните методи за истражување на однесувањето на потрошувачите за да се даде одговор на горенаведените прашања или невромаркетингот е „must have“ во 21 век?

ПРОГРАМА

9:00  10:30

КАКО ПОТРОШУВАЧИТЕ ДОНЕСУВААТ ОДЛУКИ И ЗОШТО НЕВРОМАРКЕТИНГОТ Е ПОТРЕБЕН

Традиционални истражувања за однесувањето на потрошувачите

  • Зошто традиционалните истражувања се „проблематични“?
  • Невронаука: морфологија и функции на мозокот;
  • Потрошувачи и одлучување: Систем 1 и Систем 2.

 

10:30  10:45

Пауза

 

10:45  12:15

НЕВРОМАРКЕТИНГ: „СВЕТИОТ ГРАЛ“ НА КРЕАТИВНОСТА

Техники за истражување на невромаркетингот

  • Прецизност на невромаркетиншките предикции наспроти традиционалното истражување;
  • Практични примери за имплементација на невромаркетиншките техники;
  • Позитивни vs. негативни невромаркетинг-примери;
  • Невромаркетинг: „Best Practice“ во функција на креативноста.

 

12:15  13:15

Пауза

 

13:15  14:45

НЕВРОМАРКЕТИНГ – КЛУЧ ЗА УСПЕХ НА POS

Потрошувачот и донесувањето одлуки на продажното место

  • Невромаркетингот во функција за поуспешен настап на местото на продажбата;
  • Управување со перцепцијата и вниманието на потрошувачите, со цел унапредување на продажните резултати.

 

14:45  15:00

Пауза

 

15:00  16:30

СТУДИЈА НА СЛУЧАЈ: НАЈИНТЕРЕСНИТЕ НЕВРОМАРКЕТИНШКИ СТУДИИ И ИСТРАЖУВАЊА НА СВЕТОТ

 

КОТИЗАЦИИ

1 лице – 129 евра

2 лица од компанија – 119 евра по лице

3 лица од компанија – 109 евра по лице

4 и повеќе лица од компанија – 99 евра по лице

(Цените се без ДДВ)

 

ПРИЈАВИ И КОНТАКТ

Виолета Видоевска

е-пошта: violeta@kliker.mk

моб.: 075 301 927

ЗА ПРЕДАВАЧОТ:

Дарко Лукиќ, директор на AMMC (Agency for Management and Marketing Consulting)

Дипломирал, магистрирал и моментално е на докторски студии на Економскиот факултет во Белград, насока бизнис-менаџмент. Работи на докторската дисертација на тема „Примена на невромаркетиншките техники како поддршка за позиционирање на брендот во свеста на потрошувачите на пазарот на FMCG-производите“.

Своето дваесет и три годишно работно искуство во бизнисот го стекнува на менаџерски, маркетинг и продажни позиции во домашни и меѓународни компании. Во текот на неговата 17-годишна корпоративна кариера тој се унапредувал на менаџерски и лидерски позиции во следните компании: Partner Marketing Research Agency, ING Bank, Nestle, Henkel Central and Eastern Europe Austria, Henkel Srbija, FCB.

Нуди консултантски, менторски и едукативни услуги на следните компании и организации: UNICEF, Delta Holding, Philip Morris, Lesaffre, Pernod Ricard, Imperial Tobacco, Stihl, Western Union, Garmin, Yuhor, Fun&Fit, Danubius, ComTrade, Nectar, MD International, Vital, Omnico distribucija, G3 Spirits, Gorki List, Gomex, Orbico, Fructal, Perutnina Ptuj, Atlantic Trade, Badel 1862, Alca Trgovina, AWT, Alkaloid, Vitaminka, Tikveš, Pelisterka, Makprogres, Prilepska pivarnica, Vitalia, Kola, Ramstore, Reptil итн.

Тој е на листата на меѓународни консултанти на ЕБОР (Европска банка за обнова и развој), член е на IAA (International Advertising Association), AMA (American Marketing Association) и водечки предавач за маркетинг и продажба на „Мокрогорската школа за менаџмент“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...