Свет

Седиштето на „Унилевер“ се сели во Лондон

22 Sep 2020

Акционерите на „Унилевер“, компанија која досега работеше на повеќе локации, го одобрија планот за комплетирање на статусот на двете претставништва, така што целосното работење треба да се пресели во Лондон до крајот на годинава. 

Предлогот е одобрен од дури 99 отсто од акционерите кои гласаа на вонредниот онлајн состанок во Амстердам. 

Странските медиуми известија дека спојувањето на двете централи конечно ќе се случи на 22 ноември, по 90 години откако „Унилевер“ функционира преку претставништва на различни локации. Од компанијата велат дека преминувањето на една локација ќе го олесни работењето и ќе ги поедностави евентуалните преземања или продажби на работењето.                     

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...