Свет

Шведска ќе вбризга 12 милијарди долари во бизнисот

22 Sep 2020

Активностите во шведската економија годинава ќе се намалат за околу 4,6 проценти, оцени шведската влада и најави дека во 2021 година од буџетот во економијата ќе вбризга 105 милијарди круни или 12 милијарди долари.

Со тоа, Стокхолм сака да го поттикне растот на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

Заедно ќе работиме на закрепнувањето на Шведска од кризата и за да изградиме поодржливо општество, соопштија од малцинската коалиција.

Буџетските мерки, како што се намалување на даноците за граѓаните и компаниите, како и повеќе средства за секторот за социјална заштита, веќе се широко познати во Шведска.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...