Откако американскиот гигант „Амазон“ неодамна доби дозвола да тестира достава со дронови, оваа услуга сега ќе ја тестира и „Теско“, најсилниот британски трговец.
Од седиштето на компанијата соопштија дека првично ќе ја испитаат ефикасноста на достава храна до дома со помош на беспилотни летала. Проектот ќе се тестира на ирскиот пазар, каде партнерската компанија „Мана“ веќе доби владина лиценца за управување со дронови.
За време на пробниот период, „Теско“ ќе испорачува помала количина храна. Во наредниот период, трговецот планира да се фокусира на четири клучни сегменти: развој на храна и пијалоци во чекор со технологијата, собирање податоци, роботика и иновации во пакувањето.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.