Свет

„Унилевер“ ќе ги исфрли петрохемикалиите од производите за чистење

04 Sep 2020

Британско-холандскиот производител „Унилевер“ најави дека до 2030 година ќе ги исфрли петрохемикалиите од производите за чистење, во склоп со милијарда евра вредните вложувања во проектот „чиста иднина“. 

Во формулите на средствата за чистење и за перење, компанијата во целост ќе го замени јаглеродот добиен од фосилни горива со обновлив или рециклирачки јаглерод од болки, морски организми и отпад. 

Сега, повеќето производи за чистење и за перење алишта, вклучувајќи ги и производите на „Унилевер“, содржат хемикалии кои се произведуваат од фосилни горива, необновлив извор на јаглерод. Во компанијата очекуваат дека со замената, емисијата на јаглерод ќе се намали до 20 отсто. 

Исто така, „Унилевер“ планира да вложи милијарда евра за биотехнолошки истражувања и за креирање биоразградливи производи кои овозможуваат економична потрошувачка на вода. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...