Свет

„Орбико“ гради ново наменско складиште во Варшава

08 Sep 2020

„Орбико група“ соопшти дека „Панатони“, меѓународна развојна платформа за изградба на индустриски објекти и деловни згради, гради наменско складиште за „Орбико саплај“ во Полска. 

Складиштето е во близина на Варшава, на површина од 25.000 квадратни метри (со можност за проширување за уште 13.000 квадратни метри). 

Новиот центар треба да ја оптиматизира и да ја зголеми ефикасноста на дистрибутивните активности на нашата компанија. Складишниот простор е поголем од моменталната побарувачка поради плановите за проширување на дистрибутивното работење со дополнителни логистички услуги за надворешни партнери. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...