Преку главните онлајн „играчи“ (како што се „Амазон“, „Алибаба“ и други) ќе се подаваат дури 65 отсто од производите за здравје и убавина во периодот 2020-2025 година.
Тоа се две третини од глобалниот пазар на е-трговија со производи од оваа категорија, покажа новата студија „Ритаил инсајт“. Односно, продажбата преку интернет на производи за здравје и убавина ќе се зголеми за 16,5 отсто на глобално ново до крајот на годинава.
До 2025 година, пак, се очекува дека онлајн каналите ќе сочинуваат речиси четвртина(23,5 отсто) од продажбата на брендови за здравје и убавина, покажувајќи втор најголем пораст на е-трговијата, по оној во категориите „грижа за домаќинството“ и „грижа за домашни миленици“.
Се очекува дека „Алибаба“ оваа година ќе забележи околу 43,2 милијарди долари вредност на продажбата на производи за здравје и убавина, што ја прави оваа компанија најголема светска платформа за е-трговија во оваа категорија. „Амазон“ ќе оствари околу 28,8 милијарди долари продажба во истата категорија, се проценува во студијата.
Дигиталниот домет кој брзо се развива, заедно со растечката доминација на онлајн играчите како „Амазон“ и „Алибаба“, укажуваат на тоа колку е пресудно да се подобри понудата за интернет продажба. Тоа вклучува силна оптимизација на пребарувањата, како и силна возуелна комуникација која ќе го надомести физичкото искуство во продажните објекти и ќе обезбеди подобрен ангажман со купувачите, препорачаа авторите на студијата.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.