Американскиот гигант „Амазон“ почна онлајн продажба на лекови во градот Бангалор, на југот на Индија, кој брои 8,5 милиони жители.
Со тоа, трговецот дополнително си ја зајакна позицијата на еден од најбрзо растечките пазари во светот.
Делот за малопродажба, под називот „Амазон Фармаси“, од денеска им е достапен на жителите на Бангалор и околината, нудејќи испорака на лекови кои се издаваат на рецепт, и на такви кои се продаваат без рецепт. Дел од понудата се и санитетски материјал и традиционални индијски лекови.
Дистрибуутерите на лекови во Индија остро се спротивставија на легализацијата на е-аптеката на „Амазон“, бидејќи веруваат дека 5 милиони семејства зависат од физичките аптеки, бидејќи не се во можност да купуваат преку интернет. Поради тоа тие веќе поднесоа жалба до Владата на Индија.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.