Руската влада планира да ја ограничи трговската маржа за одредени производи што ги нарекува „социјално релевантни“.
Во нив спаѓаат основните прехранбени производи за секојдневна консумација. Освен храната, тука се вклучени и средствата за дезинфекција, средствата за чистење, производите за лична хигиена, производите за бебиња и домашни миленичиња.
Предложената легислатива предвидува профитната маржа да се ограничи на 20% од цената на големо или на 50% од продажната цена на производителот.
Сегашните закони ѝ дозволуваат на Сојузната антимонополска служба (ФАС) да постави регионален лимит на цените за основните прехранбени производи доколку се забележат зголемувања за повеќе од 30% во рок од еден месец.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.