Компанијата „Кока-кола“ соопшти дека во вториот квартaл има пад на добивката за 33 отсто по акција на годишно ниво, но оти е регистрирано подобрување на побарувачката по ублажувањето на рестриктивните мерки во светот воведени поради пандемијата со ковид-19.
Нето заработката на „Кока-кола“ во второто фискално тримесечје изнесуваше 1,78 милијарди долари или 41 цент по акција, што е пад во однос на 2,61 милијарди долари или 61 цент по акција во истиот период во 2019 година.
Во вториот квартал нето продажбата на „Кока-кола“ е намалена за 28 проценти на 7,2 милијарди долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.