Свет

Пад на продажбата и на добивката на „Линдт“

21 Jul 2020

Швајцарскиот производител на чоколада „Линдт“ очекува пад на обемот на продажбата за 5 до 7 отсто до крајот на годинава, како последица од затворањето на повеќе продавници. Закрепнување се очекува следната година, објавија од компанијата. 

Производителите на чоколада се соочуваат со помала побарувачка, со оглед на тоа дека добар дел од купувачите се фокусираа на правење залихи од основни прехранбени производи и помалку се склони кон импулсивно купување додека трае пандемијата. 

Во првата половина од 2020 година, „Линдт“ забележа пад на органската продажба за 8,1 отсто, на 1,53 милијарди швајцарски франци, додека нето-добивката падна на 19,7 милиони франци, во споредба со 88,1 милион франци во истиот период минатата година. 

Продажбата особено беше погодена од ограничувањата во малопродажниот сектор и привремено затворање на околу 500 продавници на „Линдт“ околу Велигден, кога обично е најдобриот период за продажба на производите на компанијата. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...