Економијата на Шведска извлече неочекувана корист со одбивањето да воведе карантин и многу други ограничувчки мерки, поврзани со корона вирусот.
Изминатите три месеци курсот на шведската круна во однос на еврото порасна од 11,2 круни за евро кон средината на март на 10,4 круни кон почетокот на јули. Економистите истакнуваат дека ваквиот тек на настаните доаѓа во услови на епидемија во земјата и мерките кои се преземени.
Владата во Шведска уште од самиот почеток одби да воведе рестриктивни мерки. Во земјата немаше забрани за движење, работење во јавните институции и патување во странство. Тоа доведе до зголемување на бројот на заразени во споредба со останатите земји во регионот, меѓутоа, властите своите постапки ги образложија со желбата да ја одржат економската конкурентност.
Аналитичарите сметаат дека падот на курсот на круната во март бил предизвикан поради грижата на инвеститорите за состојбата во шведското здравство како и иднината на економијата. Меѓутоа, нивното однесување се промени потоа, дури се забележани и зголемувања кај домашните инвестиции.
Последните недели курсот на круната зајакна, дури и по одлуката на Централната банка да спроведе програма на квантитативни олеснувања по примерот на ЕЦБ. Регулаторот купува национални државни и корпоративни обврзници од комерцијалните банки, што би послужило како ориентир за идните емисии на обврзници.
Покрај тоа, на овој начин банките се обезбедуваат со ликвидност за кредитирање на економијата. Неодамна беше зголемен обемот на програмата од 300 на 500 милијарди круни или речици 50 милијарди евра.
Делумно, акциите на регулаторот се поврзуваат со обид за слабеење на националната валута и спречување на нејзино понатамошно јакнење кое е неповолно за шведските извозници.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.