Свет

Производите Beyond Meat се достапни и во Кина

02 јул 2020

Американскиот производител на месни алтернативи, хамбургери и колбаси од растително потекло – „Бејонд мит“, соопшти дека неделава воспоставил деловна соработка со кинески „Алибаба“.

„Ројтерс“ пренесува дека американската компанија постигнала договор за продажба на хамбургерите за зеленчук во Кина, во продавниците на „Фрешипо“, кои се во сопственост на интернет гигантот „Алибаба“.

Продажбата ќе почне овој викенд, а растителните производи ќе бидат достапни во 50 продавници во Шангај. „Бејонд мит“ планира во септември да се прошири на уште 48 продажни места во Пекинг и во Хангџоу. Освен тоа, производите ќе бидат достапни и на мобилната апликација Freshippo.

Минатиот месец кинеската групација „Јам Чајна холдингс“ ги понуди производите Beyond Meat во некои ресторани за брза храна, како што се КФЦ, „Пица хат“ и „Тако бел“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 


Слична содржина



„Волмарт“ ќе ги продолжи разговорите за „Асда“

28 јул 2020

Русија сака да ги контролира цените во малопродажбата

28 јул 2020

Американската економија потона за рекордни 33 проценти

28 јул 2020

Австрија во „рецесија од историски размери“

28 јул 2020

Германскиот БДП го допре дното

28 јул 2020

„Карфур“ заштеди 480 милиони евра во првата половина од 2020 година

28 јул 2020
Вчитува уште новости...