Свет

„Старбакс“ запре со огласување на социјалните мрежи

01 јул 2020

„Старбакс“ запира со огласување на сите платформи на социјалните медиуми, бидејќи истражува најдобри начини за спречување на ширење говор на омраза.

Според соопштението на компанијата, на социјалните мрежи нема да го вклучи „Јутјуб“, а ќе објавува на социјалните мрежи без платени промоции.

„Старбакс“ интерно ќе разговара со медиумските партнери и организации за граѓанските права за да спречи ширење на говор на омраза, стои во соопштението.

Притоа, од компанијата нагласуваат дека иако го запира огласувањето, не се приклучува на кампањата Stop Hate For Profit, која почна на почетокот од овој месец.

Да потсетиме, повеќе од 160 компании, вклучувајќи ја и „Унилевер“, престана да закупува огласи на „Фејсбук“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...