Свет

„Карлсберг“ претстави ограничена серија пива во чест на „Ливерпул“

30 Jun 2020

Пивскиот гигант „Карлсберг“, во чест на новиот првак на англиската лига, фудбалскиот клуб „Ливерпул“, лансираше лимитирана верзија лименки, со црвена боја.

„Црвените“, како што го нарекуваат уште овој фудбалски клуб, ја освоија титулата во Премиер лигата во Англија, првпат по 30 години. Поради тоа, „Карлсберг“ со лименката champions can го обележа посебниот момент за сите навијачи на овој фудбалски клуб.

Лимитираната серија ќе биде достапна во 25 земји во светот, вклучувајќи ги Австралија, Индија, Ирска, Малезија и САД. Производот ќе биде достапен на пазарите каде што има најголем број обожаватели на „Ливерпул“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...