Италијанската групација „Кампари“ ја тестира продажбата на познатиот пијалак Aperol на кинескиот пазар.
Периодот на тестирање почна пред неколку недели и ќе трае до крајот на првиот квартал следната година, изјави Боб Кунзе-Концевиц, извршен директор на „Кампари“.
Светло-портокаловиот аперитив, кој е главна состојка на познатиот коктел Aperol Spritz, е движечка сила во продажбата на „Кампари“ во последните години. Во првиот квартал годинава продажбата на Aperol се намали како резултат на пандемијата на коронавирусот, односно забележа пад на прометот за 5,3% во споредба со минатата година.
Сметаме главно на консументите што сакаат пиво, а Кина е силен пазар за љубителите на овој пијалак. Имаме добро чувство за успехот на Aperol, вели Кунзе-Концевиц.
Минатата година, уделот на продажбата од кинескиот пазар на „Кампари“ беше помалку од еден процент. Вкупниот промет на производителот изнесувал 1,84 милијарди евра.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.