Свет

Coca-Cola на глаголица

01 Jun 2020

Американскиот бренд Coca-Cola по повод 24 мај, денот на светите Кирил и Методиј и на словенската писменост, одлучи на специјален начин да го честита празникот.

Руската подружница на „Кока-кола“ пушти во продажба пијалаци, на кои името на брендот е напишано на глаголица – првото словенски писмо создадено од солунските браќа Кирил и Методиј.

Каков е тој јазик? Дали е навистина од нашата планета? Всушност, тоа е првото словенско писмо – глаголицата. Доколку во извесен момент не беше заменета од кирилицата, симболите на глаголицата денес ќе беа насекаде околу нас, се наведува во фејсбук-објавата на „Кока-кола“ – Русија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...