Компанијата „Нестле“ ѝ се приклучи на групацијата што ја сочинуваат повеќе од 150 мултинационални корпорации, во борба против негативните на коронавирусот врз светската клима.
Во заедичкиот апел, компаниите им препорачаа на владите ширум светот, економските мерки за опоравување од пандемијата со Ковид-19 да ги ускладат со борбата против климатските промени. Исто така, ги повикаа владите да дадат поголема важност и приоритет на побрза и правична транзиција од сива во зелена економија.
Целта на иницијативата е да ги обедини компаниите и владите и колку што е можно попозитивно да се влијае врз луѓето, напредокот и планетата.
Во септември минатата година, „Нестле“ се обврза дека ќе работи на достигнување нулта емисија стакленички гасови до 2050 година. Компанијата така го прифати амбициозниот план на Парискиот климатски договор во рамки на кој порастот на глобалната температура треба да се ограничи на 1,5 целзиусови степени.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.