Свет

Чешка ги отвори речиси сите продавници

29 Apr 2020

Во рамките на мерките за попуштање во борбата против вирусот корона, речиси сите продавници во Чешка повторно се отворени.

Исклучок се продавниците со површина поголема од 2.500 квадратни метри и трговските центри, чија што површина е повеќе од 5.000 квадратни метри. Отворени се фитнес-центрите, библиотеките, зоолошките и ботаничките градини.

Во сите продавници задолжително е строго почитување на мерките. На пример, не е дозволено пробување облека, а вратените производи мора да бидат во „карантин“ три дена.

Според плановите на чешката влада, фризерските салони, рестораните, театрите и музеите нема да добијат дозвола за отворање до крајот на мај.

И границите на Чешка се повторно отворени за  граѓаните на ЕУ, кои деловно патуваат. Сезонските работници исто така, ќе можат да дојдат во Чешка, но се обврзани да бидат во карантин две недели по пристигнувањето.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...