Свет

Вонредни мерки за помош на земјоделскиот и прехранбениот сектор во ЕУ

24 Apr 2020

Европската Комисија подготви вонредни мерки наменети за помош на земјоделството и прехранбениот сектор во ЕУ со цел да се справат со последиците од кризата со коронавирусот.

Според анализите на ЕК, овие сектори се силно погодени од санитарната криза и понуден е пакет мерки за поддршка, како помош за приватни залихи на млечни и месни производи, како и дозволи за самоорганизација на пазарот од страна на пазарните чинители во најпогодените област, како овошјето и зеленчукот, но и винскиот сектор.

Понудените дополнителни мерки треба да овозможат стабилизација на цените на пазарот и на производството, како и да обезбедат доволни залихи на храна во иднина.

Европската Комисија веќе донесе еден пакет мерки за помош на земјоделците со кои им се овозможуваат аванс за субвенциите, поголема финансиска поддршка и одлагање на роковите за аплицирање за помош.

Новите донесени мерки овозможуваат привремено суспендирање на строгите правила за конкурентност на Европската унија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...