Производителите на сол во Русија бележат зголемување на нарачките, отакако Министерството за здравство препорача носната слузница да се плакне со солена вода за да се спречи инфекција од вирусот корона.
Откако руското Министерство за здравство ја објави таа препорака на 9 април, бројот на нарачки за испорака на сол од дистрибутерите се зголеми за 20 проценти, поради тоа што граѓаните сè повеќе купуваат сол за превентивна употреба, вели Дмитриј Леонов, заменик-претседател на руската Асоцијација на производители на сол.
Тој потсетува дека еден од методите за спречување на инфекција со Ковид-19, кој го препорачува Министерството за здравство на Руската Федерација, е да се измие носната слузница со физиолошки раствор, што е всушност стерилизирана мешавина од сол и вода, која, меѓу другото, ја враќа влагата во носот и го запира воспалението на слузницата.
Производствените капацитети на домашните компании се во можност 100 процентно да ја задоволат тековната зголемена побарувачка, но и да пуштат на пазарот дополнителни количества сол доколку е потребно, нагласи Леонов.
И покрај зголемената побарувачка, цената на солта во Русија не се зголеми. Вкупниот пазарен волумен на сол за исхрана во првиот квартал годинава се зголемил за 3,5 проценти во споредба со истиот период минатата година, со што достигна 342,6 тони. Годишниот пораст на производството на одделни компании достигна до 9 проценти.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.