Свет

Виетнам го стопира извозот на ориз

26 Mar 2020

Виетнам го запре извозот на ориз за да ги провери залихите и да го осигура снабдувањето на своите граѓани во време на пандемијата. 

Минатата година, извозот на ориз од Виетнам порасна 4,2 отсто, на 6,37 милиони тони, со што оваа азиска земја беше трет најголем извозник во светот, по Индија и Тајланд. 

Во првите два месеци од годинава, извозот скокна 31,7 отсто во споредба со истиот период лани, на 928.798 тони. Тамошната влада стравува дека ако извозот продолжи со ова темпо, ќе се појави недостиг на ориз за сопственото население. 

Виетнам досега забележа 134 случаи на заболени со коронавирус, без смртни случаи. Повеќе од 1.500 граѓани се под надзор во карантин. 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...