Свет

„Амазон“ го отвори првиот супермаркет без каси

02 Mar 2020

Компанијата „Амазон“ го отвори својот прв супермаркет без каси, во кој нема чекања во ред, ниту купување во кеш или плаќање со картичка на каса

Супермаркетот „Go Grocery“ е отворен во Сиетл, град во кој е отворен и „Амазон гоу“, помал формат на продавници, првпат отворен во 2018 година. Купувачите се регистрираат кога влегуваат во продавницата со скенирање на апликацијата на нивниот мобилен телефон. Камерите и сензорите следат што е земено од полицата, а наплатата се врши од сметката на „Амазон“ по излегувањето од продавницата.

Ја сакам практичноста на буквално грабање и одење, рече Арт Кунјуки, менаџер за плати, кој во новоотворениот пазар купи чоколадо, тестенини и некои други намирници, пренесе агенцијата Асошиејтед прес(АП).

Во Лос Анџелес, тие планираат да отворат самопослуга, но од друг вид, во која нема да користат технологија без каси, но сеуште не сакаат да дадат детали. Компанијата не сака да каже дали планира да отвори уште Go Grocery продавници.

Тие исто така велат дека нема да ја донесат таа технологија во продавниците за намирници “Whoole foods“ коишто ги купиле пред три години.

„Амазон“ не е единствениот што планира да отвори продавници без чекање во ред и без паричник. Претходно овој месец „7/Eleven“ го најави тестирањето на такви продавници во Ирвинг, Тексас.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...