Германскиот трговец „Метро“ постигна „комерцијален договор“ со конзорциумот на „СЦП Груп“ за продажба на синџирот хипермаркети „Реал“.
Според условите во договорот, вредноста на „Реал“ е проценета на милијарда евра, а „Метро“ очекува нето-прилив од околу 300 милиони евра.
Договорот предвидува и дека сервисната компанија „Метро“ ќе продолжи да обезбедува услуги за „Реал“ во периодот на транзиција, но тие услуги ќе се намалуваат со тек на време.
Задолжителен договор за сега не е склучен, бидејќи договорот мора да го потврдат корпоративните тела на двете страни. Завршувањето на трансакцијата мора да го одобрат и анти-монополските институции.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.