Индискиот министер за трговија му покажа заби на гигантот „Амазон“, ден откако оваа компанија најави дека ќе инвестира една милијарда долари во Индија.
Тој рече дека подобро не би ја видел оваа инвестиција бидејќи очекува дека „Амазон“ тоа ќе го искористи за да го освои пазарот на нечесен начин и потоа Индија ќе мора да ја врати таа милијарда од сопствениот буџет.
До судир дојде бидејќи локалните онлајн трговци стравуваат дека „Амазон“ со своето ширење ќе ги „избриша“ од пазарот на интернет трговија и дека немаат начин како да се одбранат.
Инаку, индискиот онлајн пазар во моментов е најбрзорастечки во светот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.