Свет

„Унилевер“ користи 100% обновлива струја

05 Nov 2019

Фабриките, канцелариите, објектите за истражување и развој, дата-центрите, складиштата и дистрибутивните центри на различни континенти веќе се снабдуваат со струја што е 100% обновлива, соопштија од „Унилевер“.

Овој чекор е од огромно значење на производителот на потрошувачки стоки, кој се стреми до 2030 година да постигне нулта емисија на јаглероден диоксид.

Од „Унилевер“ велат дека за да ја постигнат таа цел, го поддржуваат развојот на обновливи извори на енергија на локалните пазари. Во моментов компанијата добива 38% од својата електрична мрежа преку Договорот за откуп на електрична енергија (Power Purchase Agreement – PPA) и од зелените тарифи за електрична енергија.

Климатските промени се едни од најитните предизвици со кои се соочуваме. Нашите тимови работеа многу напорно за да обезбедат договори за обновлива енергија за нашите фабрики на сите пет континенти. Секако, имаме уште многу работа, но се надеваме дека на овој начин ќе инспирираме и нови акции, изјави Марк Енгл, директор на снабдувачкиот синџир во „Унилевер“.

Компанијата вложува и во програми за енергетска ефикасност кои ќе ја намалат потрошувачката на енергија за 28%. Освен тоа, од 2008 година „Унилевер“ ја преполови и емисијата на јаглероден диоксид по тон производство.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...